(ВИДЕО) Стоилковски: Очајни се прес-конференциите на Костадин Костадинов и власта

Од:

„Очајни се овие прес конференциите кои што ги прави Костадин Костадинов и на дел од власта во кои признаваат дека се тргува со правото и правдата во замена за прифаќање на капитулацијата. Единствена амнестија која што е на маса, покрај амнестиите за Заев, од Зоран Заев до Боро Малборо, се амнестиите кои што СДСМ преку насилната промена на Устав ги пакува за себе заради капитулацијата и секојдневните низи на криминални делувања. Газењето врз демократијата, газењето врз Референдумот и насилството врз пратениците од опозицијата нема да помине. Власта е на колена и ова се очајни чекори кои ги прави за да се избега од словото на законот. Националните и државните интереси, демократијата не смее да бидат жртви и заложник на бандитизмот, на криминалот на хунтата на власт.

Ни еден премиер, ниту политичар не е над народот и над неговата волја изразена на референдумот кој што помина на 30 септември“, реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците