(ВИДЕО) Стоилковски: Обинителството да го испита случајот со Клиничката болница во Штип

Од:

„Болница во Штип нема, а наместо казна за изведувачот, по две години доцнење со проектот, Венко Филипче и Зоран Заев одлучиле да му дадат уште 7 милиони евра!

Филипче и Заев се имиња кои што се повторуваат во „Рекет 1“, „Рекет 2“, во „Рекет 3“!

Обвинителството сериозно мора да го испита овој случај.

Зошто не е активирана банкарската гаранција за изведувачот по доцнењето со градбата на штипската болница?

Зошто по втор пат се продолжува рокот без пенали за изведувачот на штипската болница?

Зошто сега по сето доцнење на изведувачот, се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот на Република Македонија?“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сето ова длабоко го нарушува договореното на тендер за градба на болницата, најмногу во делот на цената за изведување, како приоритет во условите за добивање на тендерот?

Ако за проект вреден 30 милиони евра и веројатно во себе содржи и рамка минимум од 2 милиони евра за непредвидени трошоци, сега се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот, работата е длабоко загазена.

Тоа е дел од работата на обвинителството кое мора, според закон, во овој случај да поведе постапка по допрен глас!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира