(ВИДЕО) Стоилковски: Ташко Дојчинов кумулира две функции

Од:

„Не запира самоволието на власта и злоупотребите на функциите и парите од граѓаните преку кумулација на функции, односно противзаконско вршење на повеќе избрани или именувани функции од исти личности.

Ташко Дојчинов е избран Претседател на Советот на Општина Гевгелија, претседава со Советот на оваа општина од октомври 2017 година, а од октомври 2018 година, една година подоцна истовремено додека е функционер во Гевгелија, од Собранието на Република Македонија е и именуван за член на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Станува збор за кумулација на две функции, едната е избрана, а втората е именувана, што е спротивно на законот, а трае подолго време, Дојчинов ги ужива бенефитите од двете функции“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал, иако темата постоеше во јавноста, Антикорупциската комисија не реагираше. Но, не реагираше ниту Дојчинов, кој што е свесен дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупцијата не смеел да биде именуван на втора функција. Тоа претпоставува негова умисла за тоа што во периодот од октомври лани до мај годинава противправно се стекнал со околу 900.000 денари. Овие најмалку 900.000 денари до мај годината, се пари кои што ги добивал по основ на бруто плата, но и закупнина за стан и трошоци во Скопје. Со тоа постојат услови за кривична одговорност и можност за враќање на парите во државниот Буџет.

Бидејќи ДКСК сама не постапуваше по допрен глас, сега имаат претставка од ВМРО-ДПМНЕ со која бараме да се утврди недозволена кумулација на функции и веднаш да биде повлечен членот на второстепената Комисија за одлучување во управна постапка. Но, бараме и сите парични средства што ги има примено додека противправно извршувал две функции, 900.000 денари се само до мај, а се уште е така, Ташко Дојчинов ги врати во Буџетот.

Македонија тоне во сиромаштија, а наместо за реализација на капитални инвестиции и економски напредок, пулените на Зоран Заев се борат за што повеќе акумулирани функционери. Но ако може премиерот истовремено да се самопредложи и за министер, тогаш што да се очекува од другите избрани функционери, освен да бидат именувани по различни комисии и управни одбори. Криминогеноста и непочитувањето на законот се основи на кланот на власт и таа состојба може да се промени само со пад на власта“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски