(ВИДЕО) Стоилковски: Наместо жичница до Водно, Шилегов изградил лифт во својата дивоградба

Од:

„Скопјани останаа без жичница до врвот на Водно, ама Шилегов си вградил лифт до врвот на неговата дива надградба тука во Скопје. Скопје нема ниту еден нов изграден паркинг, ама Шилегов си изгради паркинг за луксузните возила. Скопје нема Универзална сала, ама Шилегов си изгради нов спрат цел на диво! Па, која семејна куќа со дозволе катастарска висина од 8.8 метри има потреба од лифт“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку чини поставување приватен лифт во семејна куќа? Оттука прашувам, дали и кога мислат институциите да ги истражат сите финансиски тендер – скандали поврзани со Петре Шилегов?

Скопје за 4 години опустоши, а Шилегов зголеми луксуз за пола милион евра. Скопјани се уште немаат одговор за градежните тендер скандали со потпис на Петре Шилегов. Скопјани немаат одговор кој се’ му гради на Петре Шилегов, и дали за тоа тој воопшто плаќа?

Скопје нема Универзална, Скопје нема нов паркинг, Скопје нема жичница до Водно, Скопје нема Луна Парк, Скопје нема ниту Езеро Треска, а Петре Шилегов прожектира четири години цртани филмови, и при тоа се богати.

Почитувани, нема полошо од СДСМ за Скопје, нема полошо од Шилегов“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ