(ВИДЕО) Стоилковски: На Ковачевски не му пречи фотошопот во одело на Харвард, само не му ја барајте дипломата

Од:

„Човек кој што лаже и одобрува лага за својата биографија, за своето образование, може да лаже и ќе лаже за се понатаму. Кога во изборни цели за СДСМ, пуленот на заевизмот го претставуваа на насловни страници со во боја фотошопирано одело на Харвард, на Димитар Ковачевски тоа не му пречеше и ја одобруваше лагата“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„На Ковачевски тоа не му пречи, му пречи кога ќе му ја побарате дипломата од Харвард. Така е тоа кога ќе се обединат пуленот на Зaев, Ковачевски курсистот и главниот пиарџија на Заев, Забрчанец средношколецот.

Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард, туку посетил тридневен скап курс од каде што не се издава диплома, ниту пак се бара приемен испит! Пиунот на Заев, курсистот Ковачевски, исто како Зоран Заев влегува на голема врата со лага, се правда со заевизам. Чист Заевизам. Ништо поразлично од Зоран Заев, ништо поразлично од штетните и погубни политики и лагите – „добивме Датум“, „500 километри автопат“, „500 евра плата“, „европско здравство“, и онаа лага „додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух“.

Човек кој што молкум одобрува ширење лаги за себе, за својата биографија, нема граници за што се понатаму е способен да шири лаги!

СДСМ со Ковачевски – Заев, не отстапува од патот на заевизмот и на лагите, патот криминалот и на корупцијата. Нема ништо полошо од заевизмот, за Македонија нема полошо од СДСМ“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ