(ВИДЕО) Стоилковски: МИА преиначила изјава на Заев по реагирање од Атина

Од:

Спогодбата со Грција значи бришење на македонскиот идентитет и бришење на името Република Македонија. Спогодбата со Грција значи забрана да се употребува името Македонија. Спогодбата со Грција значи цезура секогаш кога ќе се спомене Македонија, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште не стапила на сила, а веќе ги гледаме ефектите. Првиот скандал е пред нас. Зоран Заев кој е Премиер на Република Македонија по забелешки од нашиот јужен сосед мора да ги цензурира сопствените изјави. Државната новинска агенција не смее да објави негова оригинална изјава, па одеднаш менува нешто што Заев не кажал, само за да не го пренесе тоа што го кажал и тоа без да објасни зошто го прави. Објавува измислен став и ги доведува во заблуда корисниците на сервисот без да наведе дека станува збор за корегирана верзија, по урнек на начинот на кој што работи Заев, а тоа е „ако помине, помине. ако ги излажеме, ги излажеме“. Почитувани, државната агенција МИА, (која што и сама треба да го смени името) итно цензурирала, избришала, преиначила, сменила, изјава на Зоран Заев, на само едно реагирање на Атина. МИА е првата медиумска жртва на бришењето на идентитетот. Го преиначува, го брише премиерот по диктат на Грција. Одговорност е на МИА како државен сервис и како агенција која мора да се води по професионалните новинарски кодекси да не потпаѓа под влијание и цензура и оваа капитулација и обид за обезличување и да ги сочува и архивира за идните генерации, рече Стоилковски.

Тој додава дека грчкиот весник „Катимерини“ објавил оти МИА „во петокот ги смени изјавите дадени од премиерот Зоран Заев по интервенцијата од Атина“.

– Па потоа продолжува „Во интервју за МИА во Вашингтон, Заев, наводно, рече: Северен дел од Грција е Грција, западниот дел на Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има уште еден во светот”, објави МИА првично. Сепак, МИА подоцна целосно го промени цитатот. Ревидираниот цитат гласеше: “Сите знаеме дека денес дел од геополитичкиот регион на Македонија е во Грција, дел е во Бугарија, а северниот дел е во нашата земја. Никој никогаш нема да се обиде да ја негира нашата Македонија. Придавката “Север” прави разлика и потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и Грција кои се нарекуваат Македонија”, продолжува Катимерини. Ова е срам и за МИА и за премиерот на Република Македонија. Ова не е зачуван образ и идентитет. После извинувањето за Илинден, ова сега е уште една капитулација и доказ дека ќе имаме проблеми дури и кога ќе се шепоти името Македонија, рече Стоилковски.

Според него ова е доказ дека со Договорот со Грција е предадена сувереноста на државата.

– Грција го менува нашиот уставот и изготвува амандмани, а сега ги менува и текстовите на националната новинска агенција. За ваквиот новинарски срам мора да има одговорност од врвот на МИА. Ваквиот срам не смее да се повтори. Затоа СДСМ мора веднаш да ги објави амандманите за смена на Преамбулата, за бришење на АСНОМ, Крушевската република, вековната борба на Македонците за држава Македонија. Кои се и какви се точно Уставните измени на барање и диктат на Грција? Што дополнително „НЕПРИЈАТНО“ ќе биде за Македонците? СДСМ и Зоран Заев покажете барем малку почит кон оние кои слепи ви веруваат. Амандманите ги знаете, измените ги знаете, Зоран Заев сам ги наброја, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското Море

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари