(ВИДЕО) Стоилковски: М-НАВ да ги соопшти имињата на нововработените и да ги каже критериумите според кои се примени

Од:

Mинаа два дена откако прашавме за македонската навигација за непотизам односно за вработувањата во М-НАВ агенција позната како Македонска Неофицијална Агенција за Вработување.Побаравме од М-НАВ да го објави списокот на 24 нововработени како и по кои црни критериумите се токму примени, но од таму нема одговор. А, нема одговор затоа што и самите се свесни дека Агенцијата служи за вработување на партиски кадри и исполнување на желби, иако немаат врска со потребите на М-НАВ. Меѓу кои има и искусни имиња како роднината на министерот за земјоделство, а во М-НАВ е вработен и партнерот на Заев, Стојанче Ангелов, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– На листата на нововработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци во М-НАВ, каде што платите се неколкукратно повисоки од просечната, се и син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски – коалициски партнер, син на пратеничка, зет на првиот човек на СДСМ од Охрид и син на вработен во М-НАВ. Па додека во ова црнило кое што го живееме чекаме институциите евентуално да се одважат и да истражат, од тука ќе прашаме: Дали нововработениот Антонио Кочовски од Охрид, е зет на првиот СДСМовец од градот Лазе Танески, а и чиј што татко Горан Кочовски исто така е вработен во агенцијата? Дали вработениот Ветон Хадри од Тетово е син на пратеничката од редовите на ДУИ, Шпреса Кадри? На Универзитетот во Тетово каде дипломирал, нема авионавигација ниту контрола на летање, па по кои критериуми се примени овие двајца? Еве ова се два примери за вработувања во агенцијата за кои дури и членовите на комисијата се жалат дека врз нив е вршен притисок да бидат примени токму вакви кадри кои по ништо не исполнуваат услови за работење во агенцијата, рече Стоилковски.

Тој побара М-НАВ веднаш да ги соопшти имињата на нововработените од оваа година и да ги каже критериумите според кои тие се примени.

– Дали освен нив имало други пријавени на конкурсите кои немале квалификации како избраните? Воедно уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага по наводите за непотизам и можната корупција при овие вработувања. Во М-НАВ се насобрал толку неопходен партиски кадар што и новата сопствена зграда не ги собирала па ќе се селеле под кирија. На локација добро позната на директорот. Ете тоа се европските вредности на СДСМ, тоа е тој пат, навигација, кон ЕУ и НАТО, тоа е таа борба со непотизмот, партизацијата, обемноста на администрацијата и кои ли се празни флоскули и ветувања ги даваа истите оние напикани во криминогената власт кои што сега не се ни кријат ниту имаат потреба да понесат одговорност за девастацијата на Република Македонија, рече Стоилковски.

Според него, М-НАВ ги отсликува црнилата во кои што СДСМ ја втурна државата.

– М-НАВ може да се препознае во секоја владина агенција, министерство, локална самоуправа. Со ваква навигација по која сега се движи државата, таа не може да заврши поинаку освен во се подлабока црна дупка. Република Македонија не заслужува таков пат. Република Македонија заслужува многу подобро и затоа уште еднаш ве повикуваме среда во 17 часот да дојдете пред Центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на Плоштадот „ВМРО“ и со еден протестен марш да се упатиме накај Владата на Република Македонија, заврши Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Левица со задоцнета загриженост-каде беше кога СДС го пустошеше ЕСМ?

Стојаноски: Собранието ќе донесе закони за зголемување на животниот стандард на студентите и пензионерите

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад нападот на јазикот и идентитетот стојат СДС и Филипче, со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС

Горан Наумовски