(ВИДЕО) Стоилковски: Лагите нема да го покријат криминалот или продажбата на националните интереси

Од:

„Се наоѓаме пред центарот за лагите и измами пред штабот на СДСМ, пред владејачката партија. Соочени со пораз, бесрамно пласираат лажни вести и вршат притисок врз медиумите за да им ја одиграат гнасната политичка манипулација во јавноста.

За македонскиот народ, за граѓаните на Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ, никогаш, ама никогаш нема да биде прифатливо негирањето на посебноста на македонскиот јазик, како и откажувањето од ликот и делото на Гоце Делчев.

Сето она кое што значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија, во никој случај не е прифаќање и одобрување на антимакедонските политики кои што ги води власта во заминување“, рече Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта која отвори цело министерство за вистина, формира тело за пласирање на лажни вести, под превезот на борба со лажните вести. Нивниот ПР стратег вели дека имале стратегија за вести на политичките противници, стратегија против ВМРО-ДПМНЕ

Во напливот на страв од препознаените лаги, лагите за пилоти, лагите за напредок, лагите за националните интереси, лагите за економски развој, лагите за плати на докторите, лагите за 500 евра просечна плата, лагите за раст на пензиите, лаги кои не се покриваат со лаги за блескање, СДСМ измислуваат, конструираат лажни вести за деградирање на опозицијата со измислување на криминални случаи и со лажни изјави со кои сакаат да го намалат поразот кој што ќе им го нанесат македонскиот народ, граѓаните на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Кога не им успева тоа, тогаш прават притисок врз медиуми, апсат опозиционери, приведуваат новинари и им се закануваат со тужби! Само да Блеска лагата!

Лагите нема да го покријат криминалот и корупцијата или продажбата на националните интереси, нема да го покријат рекет, нема да ги покријат крвавите тендери или авантите од Леонардо.
Зоран Заев Заминува за 40 дена! Со него на 12 април ќе заминат и креаторите на лажната вистина во Македонија. Ќе започне обновата на Македонија, а бастионот на лажни вести ќе заврши на црните страници на македонската историја“, изјави Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира