(ВИДЕО) Стоилковски: Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ, грубо прекршен законот за високо образование

Од:

„Димитар Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ со што директно го прекрши законот за високо образование. Ковачевски уште не дојден на позицијата премиер, во стилот на неговиот наредбодавател Заев почна со кршење на законите“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиунот на Заев Димитар Ковачевски во својот ИО, го сместува Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн.

Со тоа прекршен е Законот за високо образование на Република Македонија, закон донесен во 2018 година, во владеење на СДСМ.

Ова зад мене е дел од законот, член 114 , став 3 е дециден, „Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија“.

ИО на СДСМ е највисокото партиско тело во една политичка партија.

И пиунот на Заевм Ковачевски но, и од Деканот Ралев одлучиле да го прекршат законот за високо образование.

Оттука, бараме, пиунот на Заев Ковачевски да го исклучи Мишко Ралев од Извршниот Одбор на СДСМ или пак Ралев да си поднесе оставка од позицијата Декан.

Истовремено, по ваквото именување, но и прифаќање на Ралев да биде дел од Извршниот Одбор на СДСМ, со што го крши законот за високото образование, очекувано е тој да се повлече од функцијата во високото образование.

Се поинаку е доказ за натамошна партизација, тонење во хибриден режим, тонење во заевизмот“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција