(ВИДЕО) Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да се извинат за понижувањето на народот

Од:

„Половина милион Македонци живеат во глад, 500 илјади преживуваат со помалку од 150 денари на ден, а Ковачевски и Зечевиќ потценувачки се расфрлаат со пари!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски и Зечевиќ со овој чин го достигнаа врвот на лицемерието и понижувањето на македонскиот народ. Во услови на длабока сиромаштија, кризи и несигурност Ковачевски и Зечевиќ со крајно потценување се расфрлаат со пари буквално фрлајќи му во уста на сиромашниот народ.

Ковачевски и Зечевиќ се обидуваат со пари да ја надоместат поддршката од народот, свесни дека ја немаат, дека Македонија е се подлабоко во кризи, а виновници се токму СДСМ.

Расфрлање со крадени пари не ја гради довербата. Полнењето уста со пари не ја решава сиромаштијата. Напротив. Расфрлање со пари се случува кога тие пари се крадени и не се чесно заработени.

Однесувањето на Ковачевски и Зечевиќ покажува целосно лицемерие и одлепеност од реалноста. СДСМ и ДУИ знаат дека им се случува дебакл. Македонија е во длабока криза, најсиромашна држава во регионот и Европа, а власта нема решение и најавува нови поскапувања, нова подлабока сиромаштија. Но наместо грижа за состојбата, СДСМ покажува целосно понижување кон граѓаните.

Ова не и доликува и Македонија ова таа не го заслужува.

СДСМ, Ковачевски и Зечевиќ мора јавно да се извинат за понижувањето на македонскиот народ со овој врв на лицемерието“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски