(ВИДЕО) Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да одговорат дали Зарко Милошевски направил погрешна проценка за Диво Насеље?

Од:

„Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ се уште не даваат конкретни одговори за именувањето на Зарко Милошевски за наследник на Виктор Димовски во АНБ, по огромниот скандал Онишченко којшто покажа изигрување на домашни и меѓународни процедури и стандарди токму од нив двајцата“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што Ковачевски и Зечевиќ не даваат одговори не значи дека прашањата бледеат. Напротив се појавуваат нови сознанија за вмешаност на пуленот на Зечевиќ во настани што се уште ја потресуваат Македонија.

Па затоа:

Ковачевски и Зечевиќ би требало да одговорат каква е улогата на Зарко Милошевски во случајот Диво Насеље од 9 мај 2015 година?

Дали Зарко Милошевски тогаш началник на единицата за екстремизам бил одговорен?

Дали тогаш Зарко Милошевски е директно одговорен во УБК за проценка на состојбата, а толкава група да се сместила во градот?

Да потсетам, во интервју од 2017 година, Горан Николовски од позиција директор на УБК, посочи на „лоша проценка“ на УБК за Диво Насеље.

Одиме понатаму. Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски е парично награден со одлука на владата за Диво Насеље?

Дали неговото име е меѓу оние за коишто токму СДС гласно бараа списокот со наградени да се објави а парите да се вратат?

Па сега, Ковачевски и Зечевиќ нека се изјаснат, треба ли или не Зарко Милошевски да ги врати парите како награда за Диво Насеље?

Македонија тоне од кризи во кризи, корупција и криминал, а се повеќе и во безбедносен лавиринт, токму затоа што безбедносните служби ги претворија во пашалак за свои миленици и за свои партиски потреби“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО