(ВИДЕО) Стоилковски: Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети

Од:

„Средбата во Тирана е само обид за спас на власта во заминување, средба за спас на кариерите и бизнисите на ДУИ и на неколкумината околу Димитар Ковачевски! Димитар Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети. Кариерата на Ковачевски се состои во исполнување на желбите и барањата на Али Ахмети. Затоа сега Ахмети му фрла гума за спасување на политичката кариера на Ковачевски, а за кусо време ќе го видиме и вториот слуга Димче Апасиев, како само на зборови и без дела ќе глуми патриот“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа тиранска средба се случува токму на барање на СДС и на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот на оваа Влада, а за возврат да се реализираат политики и агенди на штета на Македонија и на македонскиот народ.

Потврда за тоа е молкот од СДС, од Ковачевски и од Зечевиќ за оваа средба, односно премолченото одобрување, без да се постават јавно прашањата какви агенди и план разработен на оваа средба ќе добијат на маса?

А, резултатот од ваквата средба, резултат во таа агенда не може да биде ништо поразлично, ништо подобро, од познатото „како до сега“.

Одлуките за Македонија мора да се носат во Македонија и по промената на власта една од првите работи што ќе ги направиме е да прекине оваа пракса за Македонија да се одлучува надвор од Македонија“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее