(ВИДЕО) Стоилковски: Кој издал наредба УБК да го следи претседателот на државата и неговите активности?

Од:

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се жртви на политичкиот прогон и терор, но и одмазда, во контекст на покривањето на грешките на оваа хунта на власт. Со секое ново оправдување на одлуката на „Кацарска судот“ или партиското обвинителство, напишани и испратени од ист центар, се докажува политичката, а не правосудната одлука за притвор, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчерашното правдање и дообјаснување на Специјалното јавно обвинителство покажува колку е политичка и неоснована одлуката за притвор на Јанакиески и Божиновски. Сами нагласуваат дека мерки за обезбедување на двајцата се изречени уште пред година ипол, но премолчуваат да одговорат дали Јанакиески и Божиновски во целост ги почитувале изречените мерки. Дали имало еден петок во кој што двајцата не се јавиле на суд? За разлика од аболицираниот Заев кој велеше дека немал намера да ги почитува судските наредби и одби да се пријавува во судот, Јанакиески и Божиновски редовно, секој петок се јавуваа во судот онака како што беа определени мерките. Ефектот на крај е притвор за двајцата, а слобода за Заев, рече Стоилковски.

Според него, специјалните обвинители го правдаат нарачаното притворање повикувајќи се на наводна службена белешка, фингирана по желба на нарачателите.

– Почитувани, актуелните писмени правдања преку соопштенија од „Кацарска судството“ и партиските обвинителства имаат за цел да се пополни просторот без да се дадат релевантни одговори: Дали е проверена веродостојноста на исказот на службената белешка од Управата за Безбедност и Контраразузнавање која замислете е со ознака Строго Доверливо? Пoзнато е дека Кабинетот на претседателот Иванов остро реагираше на наводите на кои се повикува Судот. Кој издал наредба УБК да го следи претседателот на државата и неговите активности? Кој ја издал наредбата за следење на Јанакиески и Божиновски и монтирање на политички конструкции во службени белешки? Колку и какви се’ белешки собира УБК за работењето на Претседателот Иванов? Дали се злоупотребува УБК за да се фингираат политички мотивирани судски одлуки? Колку но и против кој се’ се подготвуваат вакви и слични конструкции? Кои се другите лица од опозицијата што се предмет на следење и обработка од УБК и други служби, но и кој ги составува списоците на „политички неподобните“ кои треба да бидат следени? Колкава штета трпи безбедноста на државата, додека УБК се расправа со политички партии и неистомисленици на СДСМ наместо со вистинските безбедносни предизвици?

Стоилковски побара одговори од власта на овие прашања.

– Ваквите активности со злоупотреба на службите против опозицијата се својствени на СДСМ постојано, уште од времето на патот на независноста на Република Македонија досега секогаш кога СДСМ е на власт. Судството денеска мора да се ослободи од спрегите и притисоците на Зоран Заев и да работи врз база на аргументите. Аргументите велат дека ниту Јанакиески, ниту Божиновски имале намера да заминат и да ги напуштат своите семејства. Затоа судот мора да ги исправи направените грешки и да ги прифати аргументите на одбраната изнесени во жалбата за укинување на притворот, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски