(ВИДЕО) Стоилковски: Јавното обвинителство да отвори истрага за кривични пријави против изборите

Од:

„Јавното обвинителство мора да се тргне од прегратките на Заев и од криминалниот клан и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот.

Почитувани, за денот на гласањето посочивме на низа нерегуларности, аргументирано и со докази за кршење на молкот, лажно претставување, злоупотреба на телефонски броеви, кол центри на СДСМ, потоа основано сомнение за полнење на кутии, лажирање на резултати, насилство врз набљудувачи, а од него, од ЈО Јовески – ниту глас! ВМРО-ДПМНЕ постојано поднесува кривични пријави за кривични дела против изборите, за кои ЈО треба само по службена должност, екс официо, веднаш сами да отворат истрага! Ама, Јавниот обвинител го НЕМА!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јовески имаше две недели откако беше поднесена кривична пријава против Зоран Заев за поткуп и поттикнување поткуп во изборни цели, со докази кои што сите ги видоа, искажани лично од Заев на јавна сцена, на трибина во Крива Паланка, со јасна порака и мотивација за поткуп на избирачко право! Поднесена од ВМРО-ДПМНЕ во септември.

Јовески и ЈО не мрднаа со прст целиот период иако времето, деновите до референдумот беа круцијалниот момент! Дури како партија побаравме и навремено известување дека се преземени постапки, ниту тоа го немаше! Референдумот заврши, во такви криминални услови, а Јовески не мрда со прст!

Сите нерегуларности во врска со референдумот сите индиции за криминални изборни дејства мора да бидат истражени. Но за тоа е потребен избор на нов Јавен обвинител по предлог на опозицијата. Треба брза смена на Републичкиот Јавен Обвинител!

Криминални избори не смеат да се повторуваат, сторителите на вакви криминални однесувања да бидат изведени пред лицето на правдата. Ако тоа не се случи, повторно ќе ни се случуваат криминални избори. Тоа можеби се европски вредности за власта, но не и за Република Македонија. Затоа Република Македонија мора да има Јавен обвинител кој што ќе биде кредибилен да ги истражи сите овие случаи и обвинувања, за да можат граѓаните да веруваат на институцијата и тоа што ќе излезе од таму, навистина да се верува дека е така“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање