(ВИДЕО) Стоилковски: Јавноста заслужува одговори за тоа дали власта на Заев има конекции со рускиот бизнисмен Иван Савидис

Од:

И денеска останавме без одговори на прашањата на тема која што е многу омилена на криминогениот и однароден властодржец, а тоа е наводното руско влијание, но само кога сака да го поврзи со отпорот кон македонското обезличување и редефинирање на државата а со тоа и креирање на нова политичка реалност со последици кои ги надминуваат границите на Република Македонија, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– И денеска јавноста не доби одговор од Зоран Заев дали власта има конекции со рускиот бизнисмен Иван Савидис кој што економски распослан низ соседна Грција и според пишувањата на тамошните медиуми има политичко влијание. За потсетување Премиерот Заев изјавуваше дека младинци во Република Македонија добивале пари од руски бизнисмени, за потоа од МВР да нема ниту збор за истрагата. Сега медиумите отворија уште еден можен скандал, повикувајќи се на извори во македонската царина. Заев сега се соочува со уште едно прашање: Дали минатата година против фирмата на Савидис била отворена, па по доаѓањето на актуелната власт во 2017 година била стопирана истрагата насочена кон „СЕКЕ“, истрага отворена од Царинската управа заради поврзаност на компанијата со фирми-ќерки во Грција и Бугарија кои во своите матични држави се под мониторинг на властите заради измама на доверителите и лажен стечај? Дали се точни наводите во медиумите дека истрагата се водела и поради сомнеж за финансирање на проруски политики на Балканот? Минатите два дена јавноста остана без одговор на пишувањата и сомнежите за можна релација на Заев и владата со рускиот бизнисмен, близок до Москва, а распослан низ Грција, Иван Савидис, рече Стоилковски.

Тој повтори дека нема одговор ни за прашањата:

„Дали и колку Савидис е економски присутен во Македонија?
Дали поранешен владин функционер од ЛДП сега е важен потписник во синџирот на Савидис?
Дали Заев знае чиј е хотелот во Солун, по негово Тесалоники, каде што оди на забава?
Дали знае дека Савидис е близок човек со Јанис Бутарис, солунскиот домаќин на Заев?
Колку е зголемен приходот на компанијата СЕКЕ од 2017 година?
Дали Заев во Крушево бил придружуван од Панајотис Теранидис, човек од доверба на Савидис?“

– Во име на транспарентноста во која што лажно се колне оваа власт, јавноста заслужува одговор на овие прашања. Доста со празни флоскули и лаги. Заев има сериозна обврска да одговори на поставените прашања по сите негови посочувања за странска интервенција против обезличувањето на народот и редефинирањето на Република Македонија. Во спротивно постои можност само да ги засили сомнежите кои упатуваат кон власта, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?