(ВИДЕО) Стоилковски: И сопругата на Мартин Костовски „неопходна“ во МНР?

Од:

„Продолжувам со серијата „неопходни вработувања“ на миленици и партиски функционери на антимакедонската СДС. Нововработена во МНР од неодамна е и Ивана Костовска, сопруга на пратеникот на антимакедонската СДС Мартин Костовски. Костовска веројатно била неопходен кадар, па затоа МНР на Бујар Османи ја има преземено од друга институција! Преземањето, најверојатно, е од администрацијата на Општина Куманово, и тоа во јули годинава!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Значи, додека фокусот на јавноста беше кон претстојното предавство на македонската посебност, додека се случуваа огромни семакедонски протести, а во Собранието жестоко се дебатираше, Мартин Костовски веројатно се занимавал со вработување, префрлање на својата 23 годишна сопруга во МНР како „неопходен“ кадар! Прашање е дали и гласањето во Собранието на Мартин Костовски не се должи на пазар за вработување на неговата сопруга во МНР?

Неопходноста од кадарот како сопругата на Мартин Костовски, за МНР да спроведе преземање, се покажува со нејзината, како би сакал Бујар Османи да нагласи, „почетничка позиција“ во делот на соработката со НАТО!

Македонија тоне во сиромаштија, тоне во кризи, тоне во предавства, тоне во економска неизвесност, а антимакедонската СДС ја држи власта само и само за партизација на администрацијата и ухлебување на своите миленици и функционери на плата од празниот буџет!

Димитар Ковачевски и Бујар Османи мора да одговорат од која институција и за која позиција е преземена во МНР сопругата на пратеникот Мартин Костовски?

Димитар Ковачевски и Бујар Османи мора да одговорат колку вакви преземања се направени, заради каква неопходност каква што велат, со кои и какви квалификации се преземени лица на пример како Бесмира Ејупи и Ивана Костовска, и зошто ги сокриваа од јавноста?

И најважно, Димитар Ковачевски и Бујар Османи прецизно да одговорат, дали овие две новопримени, неопходни, како што велат, ама на најниски позиции примени, се планирани или ќе добијат нови позиции со огласот за 16 нововработени, 4 раководни позиции во МНР, оглас на којшто може да се пријават и луѓе веќе во МНР?

Македонија е втурната да стравува за леб и дали ќе замрзне зимово, антимакедонската СДС се грижи на буџет да ги ухлеби милениците и функционерите. Ова е дно! Ова мора да има крај! И затоа СДС се плашат од народот, од референдум и од избори!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО