(ВИДЕО) Стоилковски: Хеликоптерот е евтин само за деспотот и за неговите пажови

Од:

Хеликоптерите служат за екскурзии на режимот, за кревање на рејтинг, наместо за помош на луѓе, за спасување животи, како во кратовско, каде луѓе беа оставени без помош, иако ја барале, беа оставени на раце да носат човек пет часа низ шуми, за да му го спасат животот. Хеликоптерот е евтин само за деспотот и за неговите пажови – рече денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„300 ковид погреби во една недела, а пола влада аплаудира на фрлање лопати за чешми или за пазар. 300 ковид погреби во недела додека Заев и Филипче летаат со хеликоптер, наместо да спасуваат животи. Нечовечноста излегува на секој агол заради дезертери и криминалци посветени на лични удобства. И повторно излажаа за почеток на вакцинацијата. Еве го резултатот за таа последна недела, 300 починати пациенти, 300 погреби, а Венко вежба симулации“ – вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?