(ВИДЕО) Стоилковски: Главни ликови во „Рекет 3“ се Венко Филипче и Зоран Заев

Од:

„Молчи власта за „Рекет 3“ на 3 месеци пред избори. Главни ликови во „Рекет 3“ се Венко Филипче и Зоран Заев. И двајцата се единствени што се појавуваат во сите рекетарски афери во Македонија!“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори.

Зошто се молчи власта за „Рекет 3“?

Зошто во Штип се уште нема болница?

Зошто беше запрена градбата на болницата?

Зошто е прекинат договорот со подизведувачот?

Зошто не е активирана банкарската гаранција на изведувачот?

Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?

Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?

Името на Филипче е единственото покрај Заев што се поменува и во „Рекет 1“ и во „Рекет 2“ и во „Рекет 3“.

Обвинителството мора сериозно да ја истражи аферата но и да ја преиспита неговата улога во рекетите но и во сите милионски афери при неговата работа во министерството за здравство“, изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава