(ВИДЕО) Стоилковски: Функционерка на СДС ухлебена во АЕК за 55.000 плата

Од:

Почитувани, сеуште не стивнал скандалот со вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, антимакедонската СДС се уште нема вистински одговори со што Ејупи заслужила да биде дел од МНР и дали тоа не е чекор до нејзино именување за генерален конзул, а сепак не застануваат со скандалите за ухлебување на своите партиски миленици и функционери, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Партиската функционерка на антимакедонската СДС, Емилија Костурски е вработува во АЕК за плата од 55.000 денари, на место соработник за информатички технологии, а доаѓа од позиција долгогодишен наставник во средното медицинско училиште во Битола.

Антимакедонската СДС мора да објасни како Агенцијата за администрација оценува дека 56 годишната наставничка од медицинско училиште во Битола е посоодветна за позиција соработник за информатички технологии во АЕК, е посоодветна од 35 годишник со завршени информатички студии, којшто исто така конкурирал на огласот?

Антимакедонската СДС мора да објасни дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден бил фактот што Емилија Костурски е член на ЦО на СДС и заменичка на екс-градоначалничката на Битола?

Македонија тоне во кризи и во сиромаштија, а буџетот се користи за вработувања на партиските миленици на ДУИ и антимакедонската СДС. Половина милион граѓани живеат во сиромаштија, со енергетската криза предизвикана од криминал ја доведоа државата во банкрот, ама важно е кадарот на ДУИ и на антимакедонската СДСМ да биде ухлебен. Наместо да се занимаваат за струја, за гас, храна, млеко, наместо да се борат со растечката инфлација, тие го користат буџетот за вдомување на свои миленици во администрација и плата од празниот буџет. Ова почитувани мора да има крај и затоа се потребни итни тројни избори, парламентарни, претседателски и Референдум – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито