(ВИДЕО) Стоилковски: Функционерите од власта ги напикаа децата и роднините во државни јасли, а квалитетните луѓе не добиваат шанса

Од:

„Скандалозните податоци за бранот на непотизам, заразата од партиски вработувања во предизборието се фрапантни.

Единствен критериум за вработување во Македонија, не е квалитетот или стекнатото знаење, единствен критериум за работа е да бидеш во семејна врска со кланот на власт! Непотизмот е симболот на оваа власт во заминување. Владините министри донесоа зараза од нов непотизам во Република Македонија.

Почитувани, низа скандалозни семејни вработувања на раководни позиции се поделени во Штип. Љупчо Трајковски е началник на СВР Штип. Неговата сопруга, Снежана Трајковска е директорка на здравствениот дом во Штип. Брачниот пар Трајковски во Штип се познати како брат и снаа на Трајковски, човекот кого во Штип го сметаат за одговорен за пропаста на гигантот Македонка-Штип со над 6.000 вработени“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тони Атанасов е командир на противпожарната единица во Штип, а неговата сопруга Софка Атанасова е директорка на детска градинка во Штип.

Јане Миланов е претседател на општина Штип, а неговата сопруга Љубица Миланова е поставена за главна сестра во штипската болница. Внуката, пак, на претседателот на општината, Милкица Санева е шеф на кабинетот на градоначалникот Благој Бочварски!

Почитувани, кога власта и министрите шират зараза од непотизам низ ЕЛЕМ, МЕПСО, МНАВ, и другите институции каде што платите се неколкукратно поголеми од просечната, локалните функционери ги фаќа вирусот на полнење на администрацијата со роднини. Ниту мерит систем, ниту квалификации, ниту образованието е на цена, се цени само врската со функционерите на СДСМ!

Функционерите од власта ги напикаа децата и роднините во државни јасли, а квалитетните луѓе не добиваат шанса, го препознаваат непотизмот и се иселуваат од Македонија.

Почитувани, за 3 дена и 10 часа Зоран Заев заминува; на 12 април ќе замине сета оваа непотистичка мрежа. Обновата ќе почне и со неа одговорност во Македонија – мора да има!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава