(ВИДЕО) Стоилковски: Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градбата на штипската болница во куќа на шоумен?

Од:

„Владата зад мене молчи за аферата „Рекет 3“, молчи Оливер Спасовски, молчи Венко Филипче. Нема ниту глас од Зоран Заев, иако „Рекет 3“ како надоврзување на „Рекет 1“ и „Рекет 2“ излегува во јавноста на три месеци пред избори!

Сега е јасно зошто Штип остана без болница, јасно е дека заради лукративни цели и незаконски постапувања болницата уште не е доградена. „Рекет 3“ е случај на рекетирање на домашна компанија и нејзино туркање во стечај заради нејзино преземање понатаму. „Рекет 3“ е случај на вмешаност на министер во рекетирање и непостапување по банкарската гаранција на штета на буџетот иако договорот не е испочитуван. „Рекет 3“ е случај наново барање на 7 милиони евра од буџетот за истата компанија која што должи пари и веќе две години доцни со градбата“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оливер Спасовски, неговиот ментор Зоран Заев, и пред се Венко Филипче мора да објаснат зошто не е активирана банкарската гаранција?

Пробиени се сите рокови и раскинат е договорот со подизведувачот!

Венко Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градба на штипската болница во куќа на шоумен?

Која фирма ќе биде нов подизведувач и дали е навистина е таа блиска до власта? Дали градежните работи и градежните фирми на штипската болница ги координира човек од семејството на поранешен премиер?

Оливер Спасовски мора да одговори дали планира да му одобри на Венко Филипче нови 7 милиони евра за проект кој што врзан за аферата „Рекет 3“?

Однесувањето на власта е срамно, однесувањето на обвинителството за организиран криминал уште посрамно. Од одговорноста нема бегање. Одговорноста ќе дојде, а поразот за оние кои што денес ни носат порази е неминовен“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО