(ВИДЕО) Стоилковски: Филипче да си поднесе оставка, нема друг случај каде ќерката на таткото му дава тендери од 3 милиони евра

Од:

„Се наоѓаме пред министерството за крвави тендери и судир на интереси, каде што некогаш се наоѓаше министерството за здравство. Со него сега владее министерот Венко Филипче, човекот кој што не виде ништо спорно во распределба на 35 милиони евра на нова компанија тендер кој што веднаш потоа беше распуштен. Сега Венко Филипче не гледа ништо спорно што ќерката, директор на Клиниката за хематологија доделува над 3 милиони евра компанијата на својот татко.

Венко Филипче и Ирина Ставридис Пановска треба да си заминат од функциите. Незамисливо е во јавна установа да доделува тендер при очигледен судир на интереси на компанија на таткото на актуелната директорка, притоа сето тоа да се прикажува како бирократски чин“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Изземањето на директорката од потпишување на договорите за набавка е недоволно за да се сузбие фактичкиот судир на интереси во кој што се наоѓа ќерката – директор. Се работи за крвно сродство од прв ред ,родител – дете, судир на интереси кој што неминовно во повластена положба ја става семејната компанија на директорката на јавната установа пред другите учесници на тендерот. Со тоа се нарушуваат основните принципи на пазарни услови и за фер тендерска постапка.

Во вакви услови на судир на интереси, семејната компанија на директорката, стекнува материјална добивка под привилегирани услови од здравствениот буџет преку договор со клиниката тежок над 3.000.000 евра. Ова се трите тендери во кои што клиниката за хематологија со која што директорува ќерката на добитникот на тендерот, доделува тендери на компанијата татко на директорката на клиниката. Токму заради тој факт – очигледен судир на интереси, крвно сродство од прв ред, компанијата „Др. Пановски“, предводена од таткото на директорката, не смее да добие тендер распишан од Клиниката за хематологија, во време на директорување на неговата ќерка.

Потребно е поништување на тендерот, поништување на договорот и враќање на парите. Се друго и поинаку би било слепост на институциите и примижување за враќањето на белата мафија на голема врата, белата мафија симболот на владеење на СДСМ со здравство.

Никој не спори дека семејната компанија на директорката на клиниката за хематологија може да работи во својата дејност, но во овој случај со договорот со клиниката на хематологија има очигледен судир на интереси! При тој судир на интереси, само во првите од тендерите се доделени 2,1 милион евра, што е највисок тендер кој што го добила оваа компанија во соработката со универзитетските клиники или било со кои други јавни установи. Споредено, колку тоа изнесува тие 2,1 милион евра значат изградба на три нови бункери колку што е изградбата на бункерот за за акцелераторот во Клиничката болница во Штип, 700.000 евра онолку колку што министерот Филипче ги задолжи граѓаните за доизградба на бункерот во Штип. Потребно е оставка веднаш, и раскинување на тендерот и враќање на парите“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје