(ВИДЕО) Стоилковски: Еве дел од договорот, од кој се гледа за што се платени 117 милиони евра, а нема градежни активности

Од:

Таблата се уште стои, речиси 2 месеци по договорот, од 8-ми март, а еден месец по прославата токму тука кај патарината помеѓу Тетово и Гостивар на 4 април, ама теренот зад мене се уште е трева и нема никакви градежни активности. Единствена активност во оваа држава е плаќањето на 117 милиони евра, без работа на терен. И таа сума ќе надмине 300 милиони, заради пенали, пак без работа на терен, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој презентираше „ексклузивно дел од Договорот којшто власта го крие, а свиркач го достави до ВМРО-ДПМНЕ“.

„Во слободен превод: „Плаќањето се ресурси за проектот за изведувачот, да се иницираат пред-градежни и административни активности, како што се формирање канцеларија на изведувачот, кампови и капацитети за поддршка на пред-градежните активности, подготовки, планот за безбедност на локацијата и здравје, првична испорака на опрема и материјали” (ама веројатно материјали за кампот и канцелариите) како “и формирање лабораторија”. Се’ ама нема градилиште, нема градба, а пари се исплаќаат! Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС, го кријат договорот, потврдија дека исплатиле пари, токму како што пишува тука“ рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела