(ВИДЕО) Стоилковски: Една година како Македонија е жртва на криминални зделки, злоупотреби за лично богатење

Од:

„Една година како Република Македонија е жртва на криминални зделки, злоупотреби за лично богатење и целосно запуштање на потребите на граѓаните. Смет насекаде, тендери за свои блиски, неработење на администрацијата, криминал по улиците, корупција во администрацијата, уплашени граѓани на улиците, партиски превработувања, кучиња скитници, загаден воздух, – во тоа за само една година криминалната банда на Зоран Заев го претвори животот во Република Македонија. Една година од локалните избори во Република Македонија.

Ниту градските уште помалку руралните општини видоа некакво придвижување, освен движењето на криминалот. Нема инфраструктура, улици, водоводи, нема економски движења, нема инвестиции, нема градежништво, нема развој- НЕМА НИШТО што би оддавало слика за грижа за општините и дека буџетските пари се трошат на потребите на граѓаните“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Случајот со градоначалникот на Ново Село, препознатлив како Боро Малборо ја дава целосната слика за тоа како изгледа Република Македонија откако криминалната банда на Зоран Заев ги зазеде локалните власти. Една година по локалните избори, имаме градоначалник – локален моќник преку ден, криминалец и шверцер преку граница во црни темници во ноќта. Градоначалник кој влегува во директен конфликт и судир со полицијата. Градоначалник со пресуда, која експресно потоа се намалува, па со политичка аболиција, останува на власт во Ново Село! Притоа Судот на партијата се покажа посилен од правосудството во Република Македонија!

Сликата на Боро Малборо ја надополнува градоначалникот на Демир Хисар, Марјанчо Стојановски, уште една ѕвезда на криминалната банда на Зоран Заев! Отворено се заканува на вработените во градинка, на оние кои ги чуваат и воспитуваат децата, најмалите, и на нивните родители, дека ги прислушува нивните разговори, дека ги прислушува и знае кој што зборува! И тој е помилуван, пуштен дома, и натаму да сее страв меѓу граѓаните.

Борче Гиевски, градоначалникот на Зелениково физички се пресметувал и понижува со наставничка во општинското училиште заради нејзин обид за средба со градоначалникот на општината! Нема општина чиј што градоначалник од СДСМ не би можел да се најде на оваа листа по неработење и скандали.

Но, врв на оваа година е Скопје! Метропола која се удави во смет, која ЛЕТНО ВРЕМЕ се гуши во загаден воздух кој мириса на палеж, чиј што центар се претвори во арена за борби на улични кучиња. Улиците се претворија во патеки за мото-трки, а булеварите изгледаат како сцени од кримифилмови – со убиства, пукање во движење, бандитски пресметки! КОМАРЦИ ги изедоа Скопјани како градот да е среде мочуриште, а не административен политички економски центар на државата! Капитален проект на градоначалникот Петре Шилегов за годинава беше чистење на пелени за што активираше и полиција и армија.

Оваа година го покажа СДСМ во полно светло. Но, ова не смее да се повтори. Криминалци, аболицирани, насилници, прислушувачи, неработници, не смеат да бидат над граѓаните. Трката во СДСМ за наследник на Заев, за лидерска позиција во СДСМ, градоначалниците не смеат да ја водат врз грбот потребите, па и здравјето на граѓаните“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски