(ВИДЕО) Стоилковски: Државната ревизија ја разобличи црната кампања на СДСМ

Од:

„Не запира производството и пропагандата со лажни вестиод СДСМ, но не запира ниту вистината за нивните лаги со кои го трујат општеството.

Според наодите на овластениот државен ревизор, по извршената ревизија на финансискиот извештај за изборната кампања за претседателските избори на кандидатот ГорданаСиљаноскаДавкова цитирам:

„Активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во Вкупниот финансиски извештај… во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики“.

Извештајот на овластениот државен ревизор, ги демаскира изнесените лаги од бункерот на СДСМ континуирано пуштани со една единствена цел: ширење на лажни вести и оцрнување на опозицијата кај граѓаните“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова се разобличени лагите на СДСМ за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Гордана СиљаноскаДавковаи постоење на незаконски долг од 400.000 евра.

Со ова се демаскира лажната кампања на СДСМ за поврзување на ВМРО-ДПМНЕ со незаконско работење и уште повеќе, со поврзување на опозицијата со актуелниот рекетарско мафијашки скандал што ја тресе спрегата меѓу обвинителството- судството и криминалниот октопод на СДСМ!

Би побарале, но знаеме дека никој во СДСМ нема доблест, да се извини и за оваа лага и кампања за ширење на лажни вести, да се извини и до ВМРО-ДПМНЕ, до генералниот секретар и кандидатот за претседател, но и да се извини до граѓаните за континуирано ширење на лаги и конструкции со кои намерно ги нарушуваат угледот и честа на политичките неистомисленици.

Немаат доблест, немаат чесност, немаат образ. И затоа на 12 април ќе понесат одговорност прво пред граѓаните, а потоа и низ институциите. Заев и СДСМ се виновни за сите порази, за сите криминали за сите измами, Заев и СДСМ никогаш повеќе“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски