(ВИДЕО) Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи?

Од:

„45 македонски државјани поседуваат имоти во Дубаи, во вредност од 14 милиони евра, додека Македонија се дави во сиромаштија и во инфлација. Финансиските власти во Македонија со денови молчат. Молчи и Ковачевски, молчат и од СДСМ, а дали зад нивниот молк се крие нечие прикривање“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да тргнеме со ред. Во извештаите кои што ги објавија норвешките истражувачки новинари, а со помош на Центарот за напредни одбранбени студии со седиште во Вашингтон се откри голем број на олигарси, политичари и мафијаши ширум светот кои што засолниште за своите матно стекнати пари нашле во оваа земја со заштитничко законодавство кон сите кои ќе инвестираат и ќе ги однесат нивни пари таму.

Еден од најчестите патници Скопје – Дубаи и обратно е Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер Зоран Заев, тој беше во овој град и кога неговиот шофер беше фатен во шверцот со кокаин во Прилеп, каде што остана во Дубаи и повеќе од еден месец бегајќи од новинарите.

Дали презимето Заев е едно од сопствениците на имоти во Дубаи, колку пари чини тој имот и како е стекнат? Зоран Заев, како поранешен премиер, но и СДСМ кои што се негови пиони треба да кажат дали Трајче Заев или некој од семејството Заеви поседува имот во Дубаи и за која цел?

Дали Заеви, но и дали актуелни политичари од СДСМ покрај имот во Дубаи се сопственици и на фирми во безцарински и нискоданочни зони? Доколку да, дали тие сметки се користени за вадење пари од тендери и од шемите низ Македонија? Во владата и од СДСМ да не молчат. Ковачевски и Заев да излезат и да кажат дали и како се купени имоти во Дубаи“, се вели во изјавата на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО