(ВИДЕО) Стоилковски: Дали ЈП Паркови и зеленило ќе нема пари за плати заради партиски вработувања?

Од:

„Според извештаите поднесени до градското собрание за работата на јавните претпријатија со нив може да се заклучи дека се работело недомаќински и служеле само за вработувања и предизборни активности. ЈП Паркови и Зеленило, има дури 26 лица вработени во секторот финансии! Повторувам, 26 лица работат финансии во ЈП Паркови и зеленило! Со толку луѓе во финансии очекувате силна фирма со огромна добивка. Но претпријатието годинава според она што го поднесоа до градското собрание има добивка на исто ниво како лани, кога половина година не се работеше и државата беше во карантин“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа пак, трошоците за плата за вработени, се со раст од 5,6%, или речиси 10 милиони денари, а наведени се и „Останати трошоци за вработени“ со неверојатна разлика од 90% споредено со ланските 9 месеци. Речиси дупло. Од нив, од овие 90% најмногу се дадени за времени вработувања преку агенциите или повторно има зголемување за 10 милиони денари пари за привремени вработувања. Значи за 9 месеци се исплатени 20 милиони денари повеќе за плати. 10 милиони за привремени вработувања, онолку колку што има зголемување за платите за вработените.

Вака гледано, ова би значело дека компанијата, ЈП, работи со неверојатен финансиски успех, но, според извештајот поднесен пред Советниците во Град Скопје, споредбениот НЕТО ефект од лани е само 3.823 денари! Притоа, годинава бришени се долгови, трикратно се даваат пари за нотарски трошоци заради зголемени побарувања од други јавни претпријатија, најмногу Водовод со 43 милиони денари, што значи дека до крајот на годината со вакво темпо ЈП Паркови и зеленило или ќе нема пари за плати или ќе се стави на терет на Град Скопје?

Е па почитувани, доаѓаме до прашањата, дали ЈП Паркови и Зеленило годинава било ставено во функција на локалните избори?

Зголемени расходи за редовни плати и за привремени вработувања, значи и ангажирање на сезонски работници пред изборите, со ист финансиски ефект како и лани за компанијата. Дали било наложено полнење на ЈП со времени вработувања од спектарот предизборни вработувања со коруптивна заднина за кои што алармиравме во предизборието, за сега да се остави компанијата да се снаоѓа за плата до крајот на годината?

Нема јавно претпријатие коешто не било злоупотребувано, и коешто има успех во работата. За Скопје и за Македонија нема полошо од СДСМ“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски