(ВИДЕО) Стоилковски: Дали Јовановски криминално дозволил семејна зграда за свој роднина?

Од:

„СДСМ и Јавното обвинителство молчат за документиран криминал во Прилеп. Криминал за којшто директно е одговорен Илија Јованоски, поранешниот градоначалник од СДСМ во Прилеп. Ред се редат кривични, а јавните обвинители никаде ги нема глас да пуштат. Да потсетам, согласно закон, за соучество во дело се смета и со постапување но и со непостапување! Во вториот дел, како соучесништво“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Досега неколку пати посочивме јавно за случајот во Прилеп. Јованоски прво на нелегален начин променил инвеститор на парцела во центарот на градот, за потоа новиот инвеститор, фирмата „Дино 99“, да изгради дивоградба објект, надвор од рамките на дозволениот проект и сето тоа е документирано од градежните инспектори од општината.

Постапката во тој случај е јасна, решението за градба треба да биде ништовно. Но, наместо поништување, Илија Јованоски на нелегален начин дозволил да се изгради дивоградбата со обид за измена на проект во градба. Нормално, надвор од законот.

Уште еднаш, честитки за градежните инспектори што документирале криминал и постапиле по закон, без разлика на притисоците на Јованоски.

А, прашањето на коешто мора Јованоски да одговори е: Дали целиот овој криминал е направен затоа што сопственикот на инвеститорот „Дино 99“ е близок роднина на Илија Јованоски?

Дали можеби ова требало да биде нова семејна зграда во Прилеп? Дали Јовановски во Прилеп криминално дозволил семејна зграда за свој роднина?

Пример за криминално водење на локална самоуправа беше Прилеп, како и за владеење на криминалот во градот. Локалните власти на СДСМ владееја по теркот на фамилијата од Струмица, да се земе сѐ и да се богатат на грбот на граѓаните.

Но, ќе дојде ден кога ЈО и правосудниот систем ќе излезат од скутот на мафијата и правда ќе има за се’! Да не се повтори картели и фамилии да ја водат државата по принципот на СДСМ“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски