(ВИДЕО) Стоилковски: Дали и зошто борци- повратниците од Сирија и Ирак, доброволци во ИСИС и Ал Каеда, не се на листата Безбеден Град?

Од:

Оливер Спасовски бега од одговори кога и дали е извршен претрес и дали е одземен калашниковот од куќниот пријател на Сашо Тасевски од Ласкарци. Спасовски бега од одговор дали во МВР има регистрирано пиштол Глок 9 мм на име од листата за проверки Безбеден град, а сега бега од одговори и дали и зошто борци-повратниците од Сирија и Ирак, доброволците во ИСИС и Ал Каеда, не се на листата Безбеден Град, вклучително и членови од повеќе познати криминални групи во Скопје?, праша денеска на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Борците од ИСИС и Ал Каеда се познати по суровоста, минале низ траумите, сведочеле или можеби извршувале ѕверства, а сега не се дел од листата на МВР од лица безбедносен интерес? Дали Спасовски и МВР веруваат дека овие луѓе не би требало да бидат дел од безбедносниот интерес во Скопје? Дали можеби криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон, се непознати за полицијата па нивни членови нема на листата Безбеден град?

Спасовски може да продолжи да бега од одговори и одговорност, но факт е дека Скопје и Македонија се дават во насилен криминал, факт е дека затвореници излегуваат кога сакаат, а брутални мафијашки ликвидации се случуваат на 300 метри од владата. Сето тоа е резултат на фактот дека нема јасна линија на поделба на криминалци и оние што се борат против криминалот, уште повеќе, што институциите шуруваат со криминалот – изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски