(ВИДЕО) Стоилковски: Цела меѓународна заедница го слушна Заев како му понуди мито од 100 илјади евра на Вселенскиот патријарх

Од:

„Зоран Заев и СДСМ продолжуваат да ја злоупотребуваат власта и државата во изборни цели. Зоран Заев е бесрамник кој што нудеше поткуп и го претстави ГГ Вартоломеј,Вселенскиот Патријарх, како нечесник кој што зема мито од 100 или 150 илјади евра за носење одлука на Вселенскиот Патријарх.

Таквиот став и однос на Зоран Заев кон Вселенскиот патријарх имаше можност да ги слушне сета меѓународна заедница, вклучително и ГГ Вартоломеј.

Сега СДСМ и Оливер Спасовски од позиција технички премиер, ја злоупотребуваат посетата на Цариградската патријаршија, ја поистоветуваат државата со партијата и бесрамно го носат Зоран Заев во Цариградската Патријаршија само и само во изборни целина СДСМ“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поканите за вакви средби не се однесуваат за лични, приватни односи, туку за меѓудржавни, политички, службени прашања.

Елементарна неписменост на СДСМ е поканите кон функции да ги смета за лични, адоколку е така, тоа е нов обид на СДСМ со лага да ги изигра граѓаните!

Бесрамно, владата го пишува Зоран Заев како дел од владина делегација иако човекот повеќе не е во владата. Уште по безобразно е што СДСМ злоупотребува владина средба но ја злоупотребува и Цариградската Патријаршија за изборен маркетинг на Зоран Заев.

Оттука, Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, што и кого претставува Зоран Заев во владина делегација при државна посета, за која што како влада издадоа соопштение?

Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, дали Зоран Заев на средбата се однесувал долично, дали се извинил за искажаната понуда, или останал на понудата од 100-150 илјади евра поткуп за Цариградската Патријаршија?

Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, доколку навистина сметаат дека поканата била лична до Зоран Заев, што бараат Оливер Спасовски во својство на премиер и владина делегација на таква лична средба?

Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, Дали присуството на Зоран Заев во владина делегација е наметнато со цел лажно претставување на Заев во лажно својство?“, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава