(ВИДЕО) Стоилковски: Арогантна злоупотреба на државата за партиски цели не е европска вредност

Од:

„Самоволието и ароганцијата на кланот на власт продолжува со несмален интензитет. Се она што во нормални, напредни, проевропски, светски, НАТО држави се смета за корупција и криминал, овдешната власт го смета за „Општо добро!“

А што е тоа општо добро кога во сите државни ресурси се ставени во функција на одбрана на една политичка партија во предизборен, пардон предреферендумски период? Владата признава дека секојдневните активности на министрите ќе бидат во функција на партијата, во пресрет на референдумот. Притоа се злоупотребуваат ресурси и буџетот и моќта за влијание. Тоа не е општо добро тоа е општа корупција и злоупотреба на власта за партиски цели, за купување, за корупција на гласачкото право на граѓаните“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само за кланот на власт не важи правната аналогија дека сите правила што важат за избори важат и за референдум, бидејќи гласачот се определува за политичка опција, политичка понуда, дали се согласува или не.

Во тој момент мора да запрат сите тендери и огласи за времени вработувања бидејќи се криминално дело – корупција за изборни цели. Но наместо да се сопре, сега власта со сета ароганција вели – злоупотребите на државните ресурси во полза на една политичка опција се за општо добро!

А што е општото добро кога цела кампања, како што и се претпоставуваше, не е во релација со темата поставена на референдум односно нема ниту збор за капитулантскиот Договор/Спогодба со која се брише македонскиот идентитет, македонската историја, македонската посебност, а македонскиот народ и држава со еден потпис се претвораат во вештачка, измислена творба, по урнек на најголемите антимакедонски крвници во историјата.

Сите зафати на оваа власт во ова време, најмалку од распишувањето на референдумот, се зафати со лукративни побуди, преку злоупотреби да се оствари политичка победа на политичката партија од која потекнуваат. Тоа е корупција, тоа е криминал. И во целост е спротивно на европските вредности, за кои сега лажно се трошат буџетски пари!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање