(ВИДЕО) Стоилковски: Aко Филипче утврдил сомнителен инсулин, зошто нема постапка за одговорност, фатени се живи како прават малверзации со валиден инсулин

Од:

„Аферата со валидниот инсулин повлекува кривична одговорност за министерот за здравство и владата на Зоран Заев“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука го повикуваме министерот Венко Филипче јавно да одговори на конкретни три прашања:

Прво, кога точно е увезен инсулинот кој е уништен а чиј што краен рок на употреба е до 6-ти месец следната година? Дали министерот знае дека нема инсулин со рок на употреба подолг од 20 месеци и ако е така тогаш инсулинот е донесен во време на оваа власт.

Второ, министерот Венко Филипче да одговори која институција проценила дека се работи за сомнителен инсулин, и поради кои објективни причини оценила така. Нека покаже документ, како што ние го покажуваме овој документ од министерството на кое се гледа дека рокот на траење на дел од инсулинот е до 6-ти месец следната година?

Трето и многу важно, ако министерството оценило дека има сомнителен инсулин, тогаш зошто нема постапка врз тој кој довел до таа состојба или се се завршува со гола реторика после која треба да следи втор вносен тендер за набавка на нов инсулин. Фатени се живи како прават малверзации со валиден инсулин.

Бараме точни одговори од министерот за здравство“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира