(ВИДЕО) Стевананџија: Инвестициите на Министерството за образование во прилепските училишта на историски највисоко ниво

Од:

Инвестирањето во современа образовна инфраструктура и, генерално, во образованието, е инвестирање во иднината на државата. Инвестициите на Владата, Министерството за образование и наука и на претходната локална власт на СДСМ во реконструкција и набавка на информатичка технологија, инвентар за кабинети и за друга опрема за прилепските основни и средни училишта, беа поголеми од било кога претходно. Со реконструктивни зафати беа опфатени буквално сите училишта во општина Прилеп. Покрај огромната помош на Владата и МОН, треба да се истакне и одличната соработка со повеќе странски институции, кои имаа значаен удел во финансирање на проектите изработени од страна на училиштата, изјави Кети Стевананџија, член на ИО на ОО СДСМ Прилеп.

– Опремување и адаптација на предметни кабинети, уредување на работилници за изведување на практичната настава, поставување нова дограма, санација на ѕидови и електрична мрежа, промена на подови и термоизолациони фасади, реконструција на тоалети, дренажа, молерисување на објектите, се дел од реализираните активности за подобрување на условите за изведување и следење на наставата. Во некои од нив вчера можеше да се увери и градоначалникот Борче Јовчески.

Добро е што Јовчески се сети дека во Прилеп и населените места постојат училишта и дека утре започнува новата учебна година. Ќе беше уште подобро ако покажеше доблест и при набројувањето на реализираните проекти признаеше дека тие се дело на претходните директори, во огромен процент финансирани со средства од МОН. Го охрабруваме градоначалникот да ги посети сите основни и средни училишта во општина Прилеп, за да знае кој пат треба да го следи кога се во прашање инвестициите во образованието.

Да го види комплетно променетиот лик на Гимназијата „Мирче Ацев“, во која како никогаш порано, за само 3 години беа инвестирани еден милион евра.
Да ја види новата училишна сала во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, изградена со пари од Министерството за образование во висина од 400.000 евра, како и реконструкцијата на фасадата и промената на внатрешната столарија во СОУ Орде Чопела, исто така инвестиција од МОН од скоро 200000 евра.

Нека го посети и ООУ,,Блаже Конески,,каде е извршена санација и промена на електрично осветлување, реконструкција и промена на подови во училниците и изградба на термоизолациона фасада со средства во висина од 190000 евра обезбедени од МОН. Да дојде и овде, во СОУ „Ѓорче Петров“, во едно од најубавите училишта во Прилеп и поширокиот регион, кое е од темел реновирано со средства на МОН од околу 200.000 евра.

На крајот, она што градоначалникот Борче Јовчески треба да го има предвид, е дека при обиколката на основните училишта, на учениците до четврто одделение и на нивните родители ќе треба да им објасни зошто го нема ветениот бесплатен оброк, а на учениците од социјално загрозените семејства да им одговори што се случи со бесплатните училишни униформи. Драги ученици, почитувани наставници, ви посакуваме среќен почеток на новата учебна година – нагласи Стевананџија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски