(ВИДЕО) Степановски: Вработувањето на роднини од функционерите на СДСМ зема се поголем замав

Од:

„Деновиве на тапет се членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ приведени и држани повеќе од четири часа во полициска станица само единствено затоа што не се плашат и не се двоумат да ги критикуваат глупостите на оваа власт, нивното неработење и незнаење.

Вработувањето на своите блиски роднини од страна на функционерите на СДСМ зема се поголем замав и непотребно се трудат да го покријат и ја дефокусираат јавноста и со тоа ги поминаа сите граници“, рече Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако веќе година дена јавно ги критикуваме и именуваме имињата на функционерите и нивните блиски, сепак тие не се засрамија туку напротив по истиот пример продолжија и останатите.

Директорката на студентскиот дом во Битола, Соња Карапец ја вработи својата ќерка во судот во Општина Битола. Заменик градоначалникот и член на Советот на Општина Битола, Емилија Костурски го врати својот сопруг во Општина Битола. А, претседателот на Советот, Валентин го вработи својот братучед во Општина Битола. Радмила Бајоска главна сестра во Клиничка Болница Битола, ја вработи својата ќерка во Клиничка Болница, а својот сопруг во РЕК Битола.

Ова се само дел од непоститичките вработувања во СДСМ во последните неколку месеци, очигледно наместо живот за сите, се грижат единствено за живот за нивните најблиски и прогон на нивните неистомисленици“, изјави Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче