„Власта не работи ништо. Наместо институциите задолжени за чистење на сметот да го исчистат ѓубрето по улиците, Зоран Заев ја ангажира целата администрација да ги чисти улиците и парковите низ градовите.
Комуналните претпријатија при општините и градот Скопје имаат обврска и должност да се грижат за хигиената на општините и градовите и истата секојдневно да ја одржуваат. Но очигледно власта не си ја врши работата.
Зоран Заев ја злоупотребува администрацијата. Власта не работи ништо“, рече Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Градовите низ државата треба да бидат секојдневно чисти, бидејќи тоа е обврска на комуналните претпријатија, а не тие да се чистат акциски.
Користењето на јавната администрација за чистење и одржување на хигиена е чиста злоупотреба од страна на Зоран Заев.
Администрацијата треба да работи она за што е платена со парите на граѓаните и тоа да го прави стручно и професионално, а не да извршува работи кои власта не успеала да ги изменаџира, а се дел од секојдневното работење на комуналните претпријатија.
Завршува времето на злоупотреби. По 12 април секој одговорно ќе ја врши својата работа“, изјави Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.