(ВИДЕО) Стаменковска: Заев и Манчевски ја кријат вистинската бројка на вработените во јавниот сектор

Од:

Според извештајот на Државната ревизија, Министерството за информатичко општество и администрација троши милиони евра за софтвер кој воопшто не го користи, изјави Невенка Стаменковска Стојкоски, пратеник од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ .

„МИОА воопшто не го користи софтверот за управување со човечки ресурси, набавен уште во 2014 година, во кој треба да се внесат сите вработени во јавниот сектор во Република Македонија. Иако лани за него се потрошени 343 илјади евра, а годинава се планира да се потрошат уште 813 илјади евра, Заев и Манчевски одлучуваат дека не им треба и воопшто не го користат“, рече Стаменковска.

Опозицијата обвини дека во предизборието СДСМ ветиле дека ќе даваат месечни извештаи за бројот на вработени административци, но последната официјална информација којашто е објавена на страната на МИОА е од декември 2017 година.

„Поради неажурноста и неработата на власта во системот лани се преброени само 78.320 административци, а според информациите на МИОА во јавниот сектор лани склучиле работен однос дури 132.068 лица. Како по правило, на Заев и на неговите послушници секогаш некој друг им е виновен. Овој пат сакаат да ги наместат обичните административци. Во ревизорскиот извештај стои дека причината за невнесувањето на податоците е поради неажурноста од страна на вработените во институциите“, додаде Стаменковска.

ВМРО-ДПМНЕ упати до Манчевски и неколку прашања, меѓу кои дали невнесувањето на податоци во системот е со цел да се сокрие вистинската бројка на административци која во изминатиов период значително се зголемила.

„Дали СДСМ ги крие партиските вработувања, кои пред избори засилено се спроведуваат и со кои се полни јавната администрација со партиски војници!? Дали за овој пропуст и неажурност од страна на институциите со кои раководат кадрите на СДСМ, Манчевски ќе понесе одговорност?“, прашува опозицијата.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава