(ВИДЕО) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставни измени

Од:

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставни измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска, која е една од 20-тината опозициски пратеници кои на „Фејсбук“ напишаа дека нема да гласаат за промена на Уставот.

-Не е координарана акција, личен став е, секој пратеник може да се изјасни. Јас како дипломиран правник и пратеник, нема да дозволам кршење на Уставот и законите. Особено по одлуката на Уставниот суд се докажа дека владее тотален хаос во државата, вели Стаменковска.

Изминатите денови повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои Влатко Ѓорчев, Јохан Тарчуловски, Ане Лашкоска, Лилјана Затуроска, Павлина Честојнова, Зоран Илиоски, Дафина Стојановска, Димитар Стевананџија, Лилјана Кузмановска, Трајче Димков, Никола Мицевски, Васил Пишев и Трајко Велјаноски, повикувајќи се на поддршка од граѓаните, на „Фејсбук“ напишаа дека немаат намера да поддржат промена на името на државата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава