(ВИДЕО) Средношколците на протестот од шест: Ќе бдееме над МОН и ќе претставуваме закана за Спиро и Адеми

Од:

Откако средношколците го прекинаа бојкотот на наставата и си го собраа кампот од пред Министерството за образование и наука, им се придружија на граѓаните кои протестираат секој ден од шест пред Владата. Претставничка на Средношколскиот пленум им се обрати на граѓаните пред Собранието и упати благодарност до Министерството што со игнорантскиот однос успеа да спои 18.000 средношколци со една цел.

– Се собравме ние средношколците и напишавме барања, ги поднесовме, но не добивме никаков одговор. Се трудевме, организиравме маршеви, петиции, собири пред МОН, но ни тоа не допре до нив. Единствен јазик на која знаеја да комуницираат со нас 18.000 средношколци кои активно бојкотираа настава, и 13.000 граѓани само на ниво на Скопје кои маршираа со нас, беше јазикот на закани, уцени, заплашувања на средношколци, родители и наставици. Прво се обидоа да ги заплашат средношколците, но видоа дека не им успеа, понатаму се префрлија на професорите и видоа дека не им успеа, за на крај да се обидат преку родителите. Но заедно сплотени им покажавме дека нема да се откажеме и покрај се. Ние од нив баравме средба и дијалог, а тоа никогаш нема да ни го дозволат. Затоа денеска си го собравме кампот и го прекинавме бојкотот. Нема зошто да губиме од наставата колку и да не е квалитетна, кога можеме уште три години да спиеме таму и да бојкотираме, а тие да не слушнат и да се служат со јазикот на заканите – рече таа.

Протестот на граѓаните против владеачката гарнитура почнаа и денес во шест пред Влада. Со платното „Збогум Никола“ тие го предводеа маршот кон Собрание каде се одржа отворениот пленум на кој секој од демонстрантите можеше да го каже своето мислење дали #протестирам треба да биде дел од сенародниот собир во недела од 14.00 часот.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција