(ВИДЕО) Средношколците на протест: Екстерно за владата!

Од:

Протестниот марш на средношколците во организација на Средношколски пленум заврши со пораката дека и покрај сите притисоци, закани и заклучување во училници што денеска се случуваше во неколку скопски средни училишта, средношколците ќе продолжат со своите барања.

И покрај тоа што утрово, како што информираа од Средношколскиот пленум, учениците од скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“ и од ГУЦ, биле затворани и пребројувани, а им биле одземени и телефоните, тие сепак успееја да се придружат на маршот.

Средношколците носеа транспаренти “Екстерно за владата!“, „Што е битно што на екстерно имам 1, кога можам да бидам премиер!“, „Сакате ли реприза“ и извикуваа „Ние сме иднината!“, „Нема правда нема мир!“.

Би можело да ве интересира

Давитковски: Скопски пазар ги издаде, не ги продаде маркетите

Наум Локоски

ФСП: Блокирањето на Собранието дополнително ја влошува ситуацијата во Македонија

Наум Локоски

Народниот правобранител апелира учениците да не се спречуваат да протестираат

Емир Латифовиќ

ФОТО: Протест на средношколците во Куманово

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Притисоци: Дете да не искочи, слушаш?

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Средношколци до министерот Адеми: Историјата ќе ви суди!

Емир Латифовиќ