(ВИДЕО) Средба Заев-Скапароти: Членството во НАТО ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со Врховниот командант на НАТО силите за Европа и командантот на Командата на американските сили во Европа, генералот Куртис М. Скапароти.

На средбата, премиерот Заев изрази благодарност за поканата за прием во Северноатлантската алијанса, истакнувајќи дека оваа значајна одлука на сојузниците на НАТО покажува дека Алијансата е силна и посветена на политиката на отворени врати.

Потенцирајќи дека поканата за членство во НАТО е историско достигнување и сатисфакција за напорната работа и верување на сите наши граѓани, институции, политички партии и граѓанското општество во целост, премиерот Заев ја истакна широката поддршка од јавноста и сите етнички заедници за нашата аспирација.

Двајцата соговорници, истакнаа дека членството во НАТО овозможува перспективна иднина за нашата земја и се согласија дека ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот и на поширокиот регион.

Врховниот командантот на НАТО силите за Европа, американскиот генерал Скапароти, кој претходно со делегација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска во касарната „Илинден“ присуствуваше на показна вежба, на премиерот Заев му упати пофални зборови за припадниците на АРМ, оценувајќи дека покажале голема подготвеност и дисциплина соодветна на НАТО стандардите и процедурите.

Пренесувајќи ја силната поддршка од Алијансата, генералот Скапароти искажа отвореност за соработка и помош, доколку на Македонија во наредниот период и е потребна, за усогласување на неопходните политики и стандарди до конечното официјализирање на членството на земјата во НАТО.

На средбата беше истакнато дека потпишувањето на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција е позитивен пример за земјите од целиот регион на Југоисточна Европа, во насока на решавање на отворените прашања, за унапредување на добрососедските односи, што придонесува кон продлабочување на економската соработка и обезбедува напредок.

Премиерот Заев, потенцираше дека посетата на Високиот претставник на НАТО и поддршката која тој ја пренесува е посебна мотивација за македонските граѓани и за институциите, на претстојниот Референдум да ја покажат одлучноста за продолжување по патот кој обезбедува полноправно членство во Европската унија и НАТО, фаза која не води поблиску до гарантираната безбедност и сигурност во друштвото на земјите членки и сојузници во НАТО, што отвора перспективи за дополнителен економски развој на нашата земја.

Премиерот Заев рече дека како идна членка на НАТО, Македонија е подготвена целосно да ги сподели должностите и одговорностите за зачувување на регионалниот и меѓународниот мир и стабилност.
На крајот од состанокот генералот Скапароти го покани премиерот Заев да ја посети централната команда на НАТО, во Монс, Белгија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

Грушко: НАТО се подготвува за конфликт со Русија

Медиуми: Трамп се согласил со планот на НАТО за капитулација на Русија во Украина

Горан Наумовски