(ВИДЕО) Средба Спасовски-Божиновиќ: Соработката меѓу македонската е хрватската полиција е пример за добра соработка

Од:

Соработката меѓу македонската и хрватската полиција е на високо ниво, а во наредниот период дополнително ќе ја надоградуваме, рече министерот Оливер Спасовски по денешната средба во Загреб со министерот за внатрешни работи на Република Хрватска Давор Божиновиќ.

-Разговаравме за прашања кои се од заеднички интерес за двете држави. Имаме интензивна полициска соработка меѓу македонската и хрватската полиција. Еден од глобалните предизвици е мигрантската криза, каде што соработуваме од првиот момент на интензивирање на т.н. Западнобалканска рута и би сакал да се заблагодарам во мое име и во име на нашето министерство за внатрешни работи на мојот колега односно на Министерството за внатрешни работи на Хрватска бидејќи заеднички работиме на обезбедување на македонско-грчката граница. Би сакал да им оддадам признание на хрватските полицајци, кои што заедно со македонските полицајци учествуваа во обезбедувањето на границата. Разговаравме и за продлабочување на соработката во борбата против криминалот и корупцијата, пред се организираниот криминал и трговијата со оружје и наркотици- рече Спасовски во изјавата за медиумите по средбата со министерот Божиновиќ, заблагодарувајќи му се и на поддршката што Република Хрватска и ја дава на Република Македонија на патот кон Европската унија и НАТО.

Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ потенцира дека соработката меѓу Република Македонија и Република Хрватска е пример за добра соработка меѓу две држави.

-Имаме интензивна соработка особено кога зборуваме за размена на информации, соработка поврзана со борбата против тероризмот и миграцијата. Нашата соработка е пример за добра соработка на две земји. Разменивме информации за она што моментално се случува на т.н. Западнобалканска миграциска рута. Во овој момент нема назнаки дека целиот тој мигрантски тек ќе се интензивира- рече министерот Божиновиќ.

Би можело да ве интересира

Дилер од Битола им продавал марихуана и на деца

А1он

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска