Видео средба со првите носители на МКарти

Од:

Во рамки на проектот „МКарта“, денеска е остварена видео средба со истакнати претставници на дијаспората, избрани да бидат носители на првите МКарти. Проектот, кој произлегува од надлежностите на Министерството за надворешни работи поврзан со дијаспората, беше претставен во мај оваа година од страна на министерот Бујар Османи.

Како што информира МНР, денешната видео-средба следува по приемот организиран во просториите на Министерството за надворешни работи за припадниците на дијаспората, но и како продолжение на многубројните проекти кои Министерството ги развива, а кои директно се поврзани со дијаспората.

На предлог на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија вкупно 68 истакнати членови на нашата дијаспора беа избрани да ја добијат картата, меѓу нив – научници, универзитетски професори, лекари, уметници, бизнисмени, менаџери и сопственици на компании, кои со својот професионален успех на најдобар можен начин ја претставуваат нашата држава.

-Со проектот „МКарта“ се создава мост за соработка меѓу дијаспората и Северна Македонија, но и успешна и вредна мрежа на личности кои се најдобри во своите професии и кои со својата посебност оставиле белег во новите средини каде се успешно интегрирани. Целта е да се зацврсти врската со нив, преку дополнителен поттик за заемно изнаоѓање начини за зголемување на можностите за соработка, за поголемо вклучување на дијаспората во општествениот живот на земјава и нивна натамошна активна улога во промоција на нашата држава во странство, стои во соопштението.

Со картата се добиваат одредени бенефиции, како предност при аплицирање за проекти во рамки на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, поддршка во случај на нови бизниси, слободен влез на културни настани, музеи и галерии и би се добиле и други погодности, на чие проширување се работи во соработка со други институции.

Од МНР наведуваат дека проектот „МКарта“ е континуиран процес и ќе продолжи зависно од предлозите што ќе пристигнат од страна на дипломатско-конзуларните претставништва.

Би можело да ве интересира

Во Њујорк средба на Османи со Балакришнан, шеф на дипломатијата на Сингапур

Ана Ололовска

Република Северна Македонија и Република Филипини воспоставија дипломатски односи

Ана Ололовска

Османи: Разговорите со Бугарија продолжуваат и без политичка влада во Софија

А1он

Двајца вработени во МНР не го поминале ветингот

Ана Ололовска

Османи во САД на Генералното собрание на Обединетите нации

Ана Ололовска

Османи формира работна група за приклучување на Македонија кон програмата на САД за укинување на визите

Мери Јордановска