ВИДЕО: Средба на Мицкоски и Ѓорчев со Лукас Холуб

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со пратеникот Влатко Ѓорчев, секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски оствари средба со Лукас Холуб, шефот за политички односи на Канцеларијата на Европската унија во Македонија.

На средбата се разговараше за актуелните општествено политички состојби и стратешкиот приоритет на државата за членство во Европската Унија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека државата премногу долго се наоѓа во процес на политичка криза што негативно се одразува како врз политичките процеси, така и врз економијата и стандардот на граѓаните.
Потребен е политички дијалог за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата, а за негово воспоставување потребна е добра волја од сите учесници.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да поддржи секое решение и реформски процес за кое е оцени дека е во интерес на државата и јакнење на демократските процеси, но воедно дијалогот е двонасочна улица и е потребна активност и добра волја од страна на власта преку конкретни чекори со кој ќе ја потврди сериозноста во пристапот, посочи Мицковски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека политичките прогони кои ги спроведува актуелната власт ја уназадуваат државата и го отежнуваат демократскиот процес. Интересот на граѓаните е во насока на подобра економија, образование, социјална заштита и животен стандард, а не во селективниот пристап и двојните стандарди кои ги спроведува владата на СДСМ.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се истакна дека е потребен реален напредок во односите и интеграциските процеси на Република Македонија во однос на Европската Унија. Реториката и декларативните заложби на актуелната влада се недоволни. Немањето на реални чекори во изминатиот 7-месечен период покажува дека Владата залудно го троши времето и со недоволен капацитет се посветува на овој стратешки приоритет.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања