(ВИДЕО) Србов: Владата продолжува со финансирањето на невладините организации за време на предизборен процес

Од:

„Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со финансирањето на невладините организации за време на предизборен процес.

Милионските трансакции кои се одвиваат последниве денови отвораат сомнеж дека владата со парите на граѓаните купува гласови во пресрет на локалните избори.

За само два дена од парите на граѓаните на сметките на невладините организации се префрлени 29.660.000 денари. На 26-ти септември на сметките на невладините организации се префрлени 16.450.000 денари. Утредента, на 27-ми септември на сметките на невладините организации се префрлени 13.210.000 денари.

Претходно, во периодот откако се распишаа локалните избори, на сметките на невладините организации беа префрлени вкупно 26.125.000 денари.

Со најновите трансакции, невладините организации кои учествуваа во т.н. шарена револуција и кои по насилен пат ја уриваа легално избраната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од парите на граѓаните добиле вкупно 55.785.000 денари

Владата има обврска да им соопшти на граѓаните каде се трошат нивните пари. Преплетеноста на работата на невладините организации со партиските активности на Социјалдемократскиот сојуз, носи до заклучокот дека сега Социјалдемократскиот сојуз си ја финансира својата кампања и поткупува гласачи со пари на граѓаните.

Ваквото самоволие, беззаконие и злоупотреба на парите на граѓаните ќе заврши на 15-ти октомври“, изјави Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна