ВИДЕО: Спречен инцидент од грчки националисти за време на потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција

Од:

Додека македонската и грчката делегација го потпишуваа договорот меѓу Македонија и Грција, група насобрани демонстранти во рамките на најавениот протест за „одбрана на грчкиот карактер на Македонија“, се обидоа да го поминат полицискиот кордон и да стигнат до селото Псарадес каде што се одржа церемонијата.

Насобраните граѓани ја нападнале полицијата со дрва и предмети, а полицијата одговорила со употреба на солзавец.

„Македонија е грчка“, „Овде завршува Северна Македонија“, пишуваше на транспарентите на демонстрантите, кои со грчки и црни знамиња во рацете протестираа против потпишаниот договор.

Според грчките медиуми, вкупно 80 автобуси со граѓани од Солун и градови од северна Грција, утрово стигнале на протест во близина на Преспа.

Околината на селото Псарадес е под силно полициско обезбедување, а патиштата што водат до Преспа на грчка територија се целосно блокирани.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски