ВИДЕО: Спортисти, семејства со деца, велосипедисти, рибари на кејот на Вардар пред полицискот час

Од:

Спортисти, велосипедисти, рибари, семејства со деца се само дел од оние кои првиот делумно слободен викенд по две недели полициски час за време на целиот викенд го искористија за шетање по кејот на Вардар. Голем дел од нив со заштитни маски, но ја почитуваа и уредбата на Владата за држење дистанца од два метри.

Иако на кејот беше полно, присутните избегнуваа контакт едни со други. Повозрасните лица кои го користеа сончевото време и се шетаа, носеа заштита на своите лица. Младите пак, се тргаа настрана од останатите, а истото беше и со родителите кои ги шетаа своите деца.

Со исклучоци, можеше да се забележи и групирање на повеќе од пет лица што е спротивно на уредбата на Владата, но, на кејот немаше полиција која би можела тоа да го санкционира или да предупреди за прекршувањето на оваа мерка. Претежно, стануваше збор за луѓе кои сончевото време го користеа за трчање, но и велосипедисти.

Инаку, по двенеделната целосна забрана за движење за време на викенд, Владата донесе уредба со која го олабави полицискиот час, кој сега почнува во саботите во 15 часот и трае до понеделник до 5 часот. Со цел превенција од коронавирусот, Владата воведе три мерки, односно задолжително носење на заштитни маски во затворен простор и во случај да не може да се одржи препорачаната дистанца, држење дистанца најмалку два метри и забрането групирање.

 

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

(ФОТО) Змии врие, а кејот на Вардар како џунгла, висока трева и грмушки – од Град Скопје без одговор кога и дали ќе косат

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час