ВИДЕО: СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

Од:

Светиот архиерејски Сабор едногласно излезе во пресрет на МПЦ и го благослови и го одобрува барањето, прифаќа и признава автокефалност на МПЦ рече патријархот на Српската православна црква Порфириј соопштувајќи ја веста веднаш по заедничката литургија со Архиепископот Стефан во Соборниот храм во Скопје.

– Да се радуваме сите ние кои после 55 години служевме Света литургија, прво во Белград, а сега и во Скопје, за само неколку дена. Затоа секогаш треба да знаеме дека сите треба едно да бидеме, иако сите сме разлини, во едно сме едиснтвени. Во Христа сме едно. Вашата љубов и молитви и во Белград и тука помогнаа да се надмине искушението и Господ да направи чудо. Дека не можеме едни без други. Воспоставивме единство.Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, го одобрува и ја прифаќа автокефалноста – рече во говорот српксиот патријарх.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

– Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА, рече патријархот Порфириј.

Би можело да ве интересира

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент