(ВИДЕО) Спасовски: Заедно носиме победа на Македонија!

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во месноста Три Круши, на традиционално празнично дружење, имаше обраќање пред граѓаните по повод 8-ми септември, денот на независноста на Република Македонија.

„Ние граѓаните се обврзавме да ја браниме својата независност, кога на 8 септември 1991 година изгласавме Независна Република Македонија.

Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров и првиот премиер Никола Кљусев покажаа како можеме заедно и како треба да работиме заедно, кога се во прашање интересите на државата.

25 години поминаа оттогаш. Трнлив е патот на зрелоста. Поминавме низ сериозни предизвици кои ја искушуваа нашата волја, нашата издржливост, нашата посветеност, нашата мотивираност“, рече Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он