(ВИДЕО) Спасовски: Заеднички со општините ќе работиме на подобрување на условите за живот на граѓаните

Од:

Секоја општина е важна за да се завршат промените што започнаа на 11 декември и за да докажеме дека власта е кај граѓаните, а не кај политичарите, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на синоќешниот митинг во општина Зелениково.

Потпретседателот Спасовски порача дека Владата предводена од СДСМ работи во интерес на сите граѓани, ги остварува своите ветувања и за само сто дена решени се долгогодишни проблеми на граѓаните, како и дека по победата на локалните избори, таквиот начин ќе продолжи и на локално ниво.

„За само сто дена решивме проблеми што не беа решени со години. Донесовме закон за минимална плата, ја укинавме радиодифузната такса и го решивме проблемот со стечајните работници. Сето ова го ветивме во првите сто дена и го остваривме. Имаме бројни мерки кои ќе го подобрат животот на сите граѓани. Ќе го спроведеме проектот Македонија без кал, за повеќе да нема ниту една неасфалтирана улица во Македонија, за сите граѓани да имаат еднакви услови за живот.“ порача потпретседателот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори