(ВИДЕО) Спасовски: Уставниот суд да одлучува според закон, а не партиски

Од:

„Разговаравме со граѓаните за актуелните пролеми, за она што се случува моментално во Република Македонија, за претстојниот изборен процес.

За жал, мора да констатираме и овде во Гевгелија дека постојат потврди на неколку факти. Присуство на голема сиромаштија и голем број на млади луѓе коишто ја напуштаат и Гевгелија и Република Македонија“, рече генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Гевгелија.

„Во однос на изборниот процес, ова што се случува со избирачкиот список, најавите, она што денеска ни беше презентирано од граѓаните на Гевгелија потврдува дека имаме сериозни проблеми во избирачкиот список. Проблеми коишто го потврдуваат ставот на Социјалдемократскиот Сојуз дека има креирани списоци коишто допринесувале за изборни фалсификати и ја потврдува тезата дека во Република Македонија сме немале слободни, фер и демократски избори.

Вториот елемент којшто ја потврдува исто така констатацијата за немање на слободни, фер и демократски избори е покренувањето на иницијативата на Уставниот суд за законот за помилување и носење на една таква одлука.

Го повикувам Уставниот суд навистина да носи одлука врз основа на уставните одредби, врз основа на законот, не врз основа на партиски одредби заради тоа што тие се тука да ја штитат Република Македонија и уставниот поредок на земјава.

Едно е јасно. Има многу криминал, има многу корупција во Република Македонија. Создавањето на лажни избирачки списоци исто така претставува изборен криминал и за сите тие криминали ќе мора некој да одговара ако сакаме Република Македонија да зачекори напред.

Мора да направиме се за корупцијата и криминалот да ги сведеме на ниско ниво. Тој што направил било што спротивно на закон да одговара заради тоа што само така Република Македонија може да биде праведна држава, економски просперитетна, држава во која младите овде ќе ја градат сопствената иднина или со еден збор, Република Македонија ќе има иднина“, изјави Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче најави фронт на СДСМ против корупцијата на власта

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС смета дека има поголема доверба од народот, нека поднесат барање за предвремени избори

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски